12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Силјановска: Очекувам масовна излезност и поддршка

Очекувам во недела граѓаните масовно да излезат, очекувам да го продолжат она што го направија во првиот изборен круг, да се зголеми поддршката за мене. Зошто? Бидејќи кандидатот на власта не може да направи ништо друго освен она што го правеше оваа власт, зошто и самиот тврди дека 102% се согласува со лидерот на СДСМ, ова денеска го изјави кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Очекувам да се соберат околу членството на ВМРО-ДПМНЕ кое ме поддржа на конвенцијата и сите оние кои можеби овие две години ги немаше. Значи да се вратат во јатото на оние кои што заговараат реформи се разбира за реформите да се борат внатре. Зошто очигледно е дека ако ВМРО-ДПМНЕ отвори врата за мене со тоа покажа демократски исчекор. Јас се надевам дека кон членовите, сипматизерите оние кои се за реформи ќе се приклучат и неопределените гласачи, ќе се приклучат и разочараните од катастрофалните политики на СДСМ во овие две ипол години. Зошто? Зошто на прагот сме пред соопштувањето на одлуката дека почеток на преговори нема. Зошто? Зошто ниту еден критериум копенхагешки оваа власт не исполни, зошто власта ја користеше само за сопствени цели од неа евроспки профил на политичар и на европски профил од овие неевропски политичари не можеме да очекуваме реформи, додава Силјановска.

Таа вели дека е убедена дека успехот на 5-ти мај ќе отвори порта кон еден друг успех, кон градење на демократска, евроспка Македонија. Зошто очигледно е дека промени реформски може да направите само ако и себе се реформирате.

-ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави во моментов, ќе му се приклучат се разбира и нови политички сили во градење на ново парлементарно мнозинство, а оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе. Зошто? Зошто повторувајќи ЕУ и НАТО всушност го кршеше правото и правдата, рече Силјановска.