Силјановска: Пензионерите се разочарани од сѐ помалите примања

Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, денес оствари средба со пензионерското друштво во Гевгелија.

При самата средба таа се осврна на секојдневните проблеми со кои се соочуваат пензионерите откако СДСМ дојде на власт.

-Наместо да се зголемуваат пензиите како што беше ветено, пензионерите секој месец се разочаруваат од помалите примања. Наместо да уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа гледаат како нивните деца ги напуштаат родните огништа, наместо обезбедена здравствена заштита за која плаќале цел работен век секој месец мака мачат да дојдат до лекови на рецепт, нагласи Силјановска Давкова.

Таа потсети дека власта треба да одговори до кај е случајот со фондот за пензиско – инвалидско, кој го започнаа храбро поради несогласувања со коалициониот партнер работата се врати на почеток, и сега граѓаните не знаат ништо кој е виновен за овој скандал за кој имаат право да знаат што се случува со нивните пари. Епилог од овој скандал мора да има.

Силјановска Давкова со пензионерите утврдија на средбата дека оваа неправда мора да ја исправат сите заедно, да ги натераат и оваа и сите идни власти да обезбедат достоинствен живот за сите граѓани вклучително и за пензионерите.