Силјановска: Следните избори се референдум против заевизмот

Страдаат од Заевизам, менуваат ставови и никој не може сериозно да ги сфати, сега почнаа да не срамат на меѓународна сцена, како за „традициите„ на Холокаустот, истакнува кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

-Јас сум сериозен меѓународен експерт, и на Обединетите Нации и на ОБСЕ и на Совет на Европа. Имам и интегритет и почитување. Тие немаат ни знаење, ни умешност, ниту се држат до збор. Следните избори се референдум против Заевизмот. За да ги поразиме овие дилетанти ширете ги моите ставови во средби со ваши пријатели и познаници, затоа што нам ни треба веднаш, порача таа.

Нејзиниот говор за однесувањето и ставовите на Никола Димитров и Стево Пендаровски, слушнете го во видеото во продолжение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.