Силјановска: Уставниот суд може да направи пресврт ако сака

Уставниот суд може да направи пресврт ако сака и ако може во пресрет на утрешната одлука околу оценување на уставноста на референдумот, оцени професорката Гордана Силјановска во нејзиното гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија „Алфа“. Таа како пример го посочи португалскиот случај каде Уставниот суд рече дека прашањето што е поставено во врска со европскиот устав е нејасно и го има вратено назад на доработка.

Уставниот суд е пред предизвик да ја смени перцепцијата кај нас граѓаните. Ова е прилично задоцнета реакција на Уставниот суд. Се надевам дека ќе го оправдаат својот статус. Да се биде уставен судија значи врв во кариерата. Некои од уставните судови одиграа клучна улога во владеењето на демократијата. Уставниот суд треба да биде пример како Шпанскиот и Португалскиот кои се примери за недопирливост, вели Силјановска.