Силјановска: Власта чекори кон ЕУ а не верува во правото, нивното владеење е само политика

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вчера се обрати на граѓаните во Скопје.

Силјановска Давкова посочи дека сета власт е во рацете на неколкумина. Тие таа ги нарекува конзули. Меѓу нив првиот конзул, премиерот е надлежен за се. Се е во негова надлежност, дури стои на чело на совет за судски реформи, тоа е невидено, бидејќи никаде политичар води судски реформи, а да уверува дека целта му е независно судство. Мора сето ова во државата да се смени.

Потсетувам основниот услов за чекорење кон ЕУ е владеење на правото. Власта не верува во правото, тие зборуваат само за политика. Нивната политика е надвор од правото. Нивната политика е надвор од Уставот. Нивната политика не води сметка ни за она тронка меѓународно задолжително право иако е тоа темелна вредност на уставниот поредок, потсети Силјановска Давкова.

 

Силјановска Давкова истакна дека не се градат добрососедски односи со заборавено достоинство. Добрососедски односи постојат меѓу рамноправни држави. Меѓусоседски добри односи постојат меѓу пријатели. А, ние се што побараа од нас направивме. И уште си се уверуваме дека сме биле рамноправни, подвлече Силјановска Давкова.