Силјановска: Време е Македонија да почне да живее, а ќе живее ако постои правда!

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска по остварените средби во Маџари, Хиподром и Гази Баба порача дека на 5-ти мај ќе победи правдата и правото во Македонија.

Според нејзе за овие две ипол години, власта не направила ниту една значајна реформа која што ќе биде од значење за граѓаните, освен промената на уставното име на Република Македонија.

Две ипол години се потрошени на што? Само на двата договори, јас не гледам други промени, изјави Сиљановска Давкова.

„Власта секогаш го кршеше правото за свои цели и интереси, но на тоа треба да се стави крај, а нивниот крај ќе биде на 5-ти мај. Но истовремено 5-ти мај ќе значи и почеток на право и правда која ја немаше овие две ипол години“, додаде Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова ги повика граѓаните да излезат масовно да гласаат, бидејќи иднината е во нивните раце, во нивниот глас, да одлучат во каква земја заслужуваат да живеат. Време е Македонија да почне да живее, а ќе живее ако постои правда.