Силјановска за превратот во ИВЗ: Селективна правда во полза на политиката на власт

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во средата се огласи во врска со превирањата во Исламската верска заедница (ИВЗ) и реагира на „насилното и незаконско“ преземање на оваа институција од страна на владејачката партија.

– Сведоци сме на постојани обиди за насилно и незаконско преземање на ИВЗ со директно влијание на највисоките преставници на Власта.

Според член 19 на Уставот на РМ Македонската православна црква, Исламската верска заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот!

Ова е последен пример за селективна правда во интерес на политиката на власт. Сe е врзано за владеењето на правото!

Време е за европско интелектуално лидерство кое знае, а не манипулира!, напиша Силјановска Давкова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.