Силјановска: Заштитата на животната средина е мој приоритет

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со Здружение за животна средина „Еко Планета“.

На средбата со Здружение за животна средина „Еко Планета“ Скопје, разговаравме за можностите за вклучување на еколошки теми во образовниот процес, и теоретски и практични лекции, појасни Силјановска Давкова.

На самиот крај од средбата Силјановска Давкова додаде дека Здружение за животна средина „Еко Планета“ ја имаат нејзината целосна поддршка, бидејќи заштитата на животната средина е и нејзин приоритет.