Силк Роуд Банка отвори шалтер во Трубарево

Силк Роуд Банка АД Скопје ја прошири својата мрежа со отворање на нов шалтер во с. Трубарево кој денеска и официјално започна со работа.

Шалтерот на банката е лоциран на ул. Јурија бр. 1, во склоп на бензинската станица на Лукоил и станицата за технички преглед ЕПС Контролцентар.

Работното време на шалтерот е од понеделник до петок – 08:30 до 16:30 часот. Покрај започнувањето со работа на шалтерот на истата локација достапен е и банкомат (24/7).

Со отворањето на новиот шалтер, банката ги доближува своите услуги и производи до граѓаните и компаниите кои имаат свое живеалиште или гравитираат во овој дел на околината на градот Скопје.

За дополнителни информации околу производите и услугите на банката проверете на веб страната – www.silkroadbank.mk.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.