Силна бура го парализираше градот

Во моментов во Сплит беснее силна бура. До 10 часот утринава времето било убаво, со температура до 26 степени, после што над Сплит се собрале темни облаци, почнало да врне силен дожд и започнала бурата.

Центарот 112 добил над десетици повици од граѓани кои предупредуваат дека по улиците летаат стебла, дека некои контејнери се расфрлание наоколу, дека се скршени светла од семафори и слично.

Метеоролозите ги предупредија граѓаните да останат дома.