Најмалку две лица загинале во силната бура која го зафати италијанскиот регион Тоскана, пренесуваат медиумите во четвртокот.
Маж и жена смртно настрадале кога врз нив паднале стебла во крајбрежниот град Карара. Неколку друго лица се повредени како последици од штети предизвикани од брзината на ветрот кој достигнувал и до 140 километри на час и поради силниот дожд.
Предупредување поради невремето е објавено за целиот север на Италија, како и за некои централни делови на земјата. Регионалниот челник на Тоскана, Еугенио Џани на Twitter објави видео од панорамско тркало кое неконтролирано се врти на ветрот во градот Пломбино, а на социјалните мрежи се појавија и снимки од автомобили уништени при паѓања на стебла.
Пожарникарите до четвртокот попладнето имале околу 150 операции ширум северозападните покраина Лигурија и Тоскана. Централната покраина Емилија-Ромања, исто така, е сериозно погодена од невремето.
Во екстремните временски услови оштетени се згради, а некои области останале без снабдување со електрична енергија.
Италија цело лето се справува со екстремни временски услови. Додека шумските пожари беснеат во јужните области, како Сицилија и островот Пантерлериа, северот на земјата по долготрајната суша сега трпи налети на силен дожд и бура.