Силно невреме го погоди Хамбург

Силно невреме го погоди подрачјето на северна Германија за време на ноќта поради што дошло до прекин на железничкиот сообраќај. Метеоролошката служба издаде предупредување за можни поплави во Хамбург.

Нивото на реката Елба е зголемено за 5,2 метри над нормалата, пренесува Ројтерс.

 

Германската метеоролошка служба предупредува дека би можело да дуваат ургански ветришта кои би достигнале брзина од 100 километри на час.

Противпожарната служба во Хамбург синоќа имала 450 повици.