Силното невреме во Долненско уништи над 80 проценти од тутунскиот расад

Дел од долненските земјоделци во паника. Вчерашното, ретко големо невреме проследено со силен ветар од над 80 км/ч, дожд и со град со големина на лешник, а од кое биле зафатени неколку населени места, зад себе оставило пустош, најмногу врз тутунскиот расад.

Стравот за егзистенцијата кај овие луѓе е уште поголем и заради тоа што кај нив се уште не биле исплатени ниту отштетувањата за неверемето од пред две години.

Оштетените земјоделци, утринава ги посети и техничкиот ресорен министер, Цветан Трифуновски, кој упати јавна критика до власта за нејзиниот нов проект за сузбивање на градобијните облаци, вреден над еден милион евра, кој според него, се покажал како целосно неуспешен.

Долненските тутунопроизводители, кои индивидуално садат и по над 20 декари тутун, во момемнов спасот го гледаат во купувањето расад од населените места кои вчера ги поштедило невремето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.