Силувана млада американска актерка извршила самоубиство

Американкскот топ-модел и актерка Кетрин Дејзи Коулмен се самоубила на 23-годишна возраст, објави на социјалната мрежа Facebook нејзината мајка Мелинда.

Според објавата, актерката си го одзела животот изминатата ноќ. Мелинда, исто така, наведува дека нејзината ќерка престанала да комуницира.

Како што пишува мајката, Дејзи никогаш не можела да закрепне од силувањето кое го доживеала на 14-годишна возраст.

Како ученички Коулмен и нејзина пријателка биле жртви на сексуален напад. Потоа девојката била прогонувана на социјалните мрежи, а заканите почнале да стасуваат и до нејзиното семејство. Истовремено, тинејџерите кои ја вознемирувале ја избегнале казната.

Во 2016 година платформата Netflix го постави документарниот филм „Одри и Дејзи“ посветен на инцидентот. Потоа Коулмен се играше себеси во серијалот „Демократија сега!“ и во хоророт „Смртоносна стапица во Тексас“. Таа, исто така, работеше и како модел и мајстор за тетоважа.