Силва: Нејмар знае дека многу згреши!

Долгата трансфер-сага околу иднината на најскапиот светски фудбалер Нејмар не заврши како што посакуваше суперѕвездата од ПСЖ, да се врати во Барселона, па и покрај силниот притосок тој остана во француската престолнина и трета сезона по ред ќе го носи дресот на „светците“.

Соиграчот на Нејмар и од ПСЖ, а и од бразилската селекција, Тијаго Силва објави дека после завршувањето на трансфер-сагата, Нејмар е свесен и знае дека згрешил и свесен е дека предизвикал проблеми.

„Нејмар знае дека згреши. Но, тој немаше лоши намери. Тој е момче, кое е неверојатно, за кое убеден сум дека ќе има сјајна сезона, а сето тоа ќе биде незаборавно, зашто ПСЖ слави 50-ти роденден. Тухел постојано ми велеше дека смета на Нејмар, дека е подготвен да го пушти против Мец, но ситуацијата на трансфер-пазарот беше таква што не можеше да игра. Плус управата на клубот сериозно верува во Нејмар. Ако не веруваа во него, сигурно е дека ќе го продадеа“, вели Силва.