Сименс Енерџи ги зголеми нето загубите за 200 милиони евра, поради нужните промени во Русија

Германскиот производител на енергетска опрема Сименс Енерџи денеска предупреди дека очекува поголема нето загуба во 2022 година за 200 милиони евра (204 милиони долари) од претходно проценетото, поради реструктуирањето на неговото работење во Русија.
Компанијата, која ги одржува турбините на компресорската станица Портоваја на гасоводот Северен тек 1, објави дека нејзината нето загуба ќе ги надмине 560 милиони евра забележани во 2021 година, пренесува Ројтерс.

Сименс енерџи, кој беше отфрлен од Групацијата Сименс оваа година и поседува мнозински удел во проблематичниот производител на ветерни турбини Сименс Гамса, претходно очекуваше неговата нето загуба во 2022 година да биде иста како и минатата година.

Компанијата најави претходно оваа година, дека ќе го прекине целиот нов бизнис во Русија по нападот на Москва врз Украина, велејќи дека нејзината продажба во таа земја претставува низок едноцифрен процент од вкупната продажба од 28,48 милијарди евра.

Исто така, компанијата укажа на континуираниот слаб бизнис во Siemens Gamesa како забавување на кварталните резултати, пред планираната понуда од 4,05 милијарди евра за готовина за преземање на преостанатите 33 отсто од акциите во компанијата на шпанската берза.

„Очекуваме дека новото раководство на Siemens Gamesa сега ќе спроведе ригорозен план за пресврт“, рече извршниот директор на Siemens Energy, Кристијан Бруч.

Ројтерс минатата недела, повикувајќи се на добро информирани извори, објави дека Siemens Gamesa ќе укине 2.500 работни места.