Симеоне има главоболка поради Балотели, Де Шиљо и Мунтари

Иако неговиот тим има минимална предност и реванш 1/8 финалниот дуел го игра на “Винсенте Калдерон”, предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне е убеден дека италијанскиот калчо гигант Милан се уште го нема кажано последниот збор кога е во прашање годинешното издание од Лигата на шампиони.

“Милан има многу силен тим. Милан е навикнат да игра во Лигата на шампиони и Милан има тим кој е составен од големи таленти. Точно дека Атлетико (М) има минимална предност и игра на домашен терен, но Милан е најопасен кога е ранет, кога станува збор за некој натпревар кој е да се биде или не. Противникот има неколку фудбалери кои можат да ја направат потребната разлика, но најопасни се кога функционираат како една целина. Најопасни се по страничните позиции, каде што играат Де Шиљо и Емануелсон. Мора да внимаваме и на Мунтари кој има фантастичен удар. Ако им дадеме простор за игра, тогаш сигурно ќе постигнат најмалку еден гол. Се е кажано кога е во прашање Балотели”, изјави аргентинскиот стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.