Симеоне: Жоао Феликс ќе стане најдобар фудбалер на светот

Атлетико Мадрид триумфираше со 2-0 над олстар-тимот на МЛС-лигата, а во главна улога беше Жоао Феликс. Младиот Португалец го заврши натпреварот со еден гол и една асистенција, потврдувајќи го неверојатниот потенцијал што го поседува.

„Задоволен сум од играта на сите млади фудбалери. Жоао Феликс игра се подобро, но тоа е разбирливо. Сепак, не ми се допаѓаат споредбите со Кристијано Роналдо бидејќи двајцата воопшто не се слични фудбалери, а и се создава притисок врз младиот играч. Мое е да му помогнам да го оствари својот потенцијал, да стане најдобар фудбалер“ – изјави Симеоне.