Симон Трпчески го прекина концертот во Штип, салата „Ацо Шопов“ била без греење (видео)

Светски познатиот пијанист Симон Трпчески деновиве по пауза од 11 години повторно сакаше да настапи во Штип. Но, концертот што го започна и требал да се одржи во  Домот на културата „Ацо Шопов“, клавирскиот виртуоз бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало постојани проблеми и со струјата.

Медиуми коментираа дека, општината која троши илјадници евра за штипската „Пастрмајлијада“ не најде начин  да ја затопли салата на Домот на културата и да му овозможи елементарни услови за настап на нашиот светски познат и признат музички уметник.

Така, наместо ноќ за паметење и уживање во неговите дела, од неговиот настап ќе остане запаметено дека во салата немало парно греење во јануари месец како и други неопходни работи за нормално одржување на концерт. Поради тоа, Трпчески одржа брилијантна лекција пред публиката, со која во 5 минути целосно ја долови ситуацијата со културата и со културните установи во Македонија.