Симона Халеп е Влаинка со потекло од Македонија, пренесува „Денешен“

Победничката на Вимблдон, Симона Халеп, е Влаинка по потекло од Македонија, „пишува Денешен“ повикувајќи се на пишување на романскиот спортски портал „Либертатеа.ро“ кој објави текст посветен на тенисерката Халеп.

23 годишната Халеп потекнува од најголемата група на Власи во Македонија, Цинцари, која, важи и за етникум со силно влијание во земјава.

Се додава дека Халеп, најверојатно нема да се омажи ниту за Романец или маж кој потекнува од друго место во светот, освен со момче кое потекнува од Македонија, како што налага традицијата, пренесува Денешен.