Симона Халеп го освои Мастерсот во Рим, прв пат

Симона Халеп е победничка на Мастерсот во Рим откако во големото финале бранителката на титулата, Каролина Плискова го предаде мечот поради повреда.

Полесно од очекуваното, романската тенисерка со македонско потекло ја освои првата титула во Рим.

Халеп одлично го отвори мечот со 6-0, но при 2-1 во вториот сет, Плискова не издржа на болките во грбот, па се одлучи за најнепопуларниот потег на мечот. Така, Халеп дојде до третиот трофеј во низа годинава, по Дубаи во февруари  и Прага во август. 28-годишната тенисерка од Романија се на се брои 22 титули во досегашната кариера, а како најзначајни секако Ролан Гарос 2018 и Вимблдон година подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.