Симона Халеп триумфираше на турнирот во Торонто

Романската тенисерка Симона Халеп го освои трофејот на ВТА турнирот во Торонто, Канада.

Романката синоќа во финалето ја победи Беатриз Хадад Маја од Бразил со 2-1, по сетови 6:3, 2:6 и 6:3.

За Халеп ова е деветта титула на ВТА 1000 турнирите и вкупно 24-та во кариерата. Воедно, ова е нејзината највредна титула од турнирот во Рим 2020 година.

По успешниот настап во Канада, Романката која во минатото беше прв светски рекет, од денес е шеста на светската ранг-листа на ВТА, односно бележи прогрес за девет позиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.