Симонс и Ембиид исклучени од Ол-стар мечот

Кошаркарите на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембиид и Бен Симонс се исклучени од натпреварот на Сите ѕвезди во Атланта поради контакт со позитивно лице на коронавирусот, објави НБА лига.

Ол-стар дуелот е на распоредео ноќта кон понеделникот по македонско време, а ѕвездите на Сиксер отпаднаа бидејќи имале контакт со заразено лице.

Ембиид и Симонс пред патувањето во Атланта посетиле фризер кој бил позитивен на коронавирус. Двајцата играчи допатуваат во Аталанта, меѓутоа биле во контакт со другите ѕвезди. НБА објави дека не планира да земени ниеден играч Ол-стар списокот.

Ембиид има проек од 30,2 коша и 11,6 скокови во 30-те натпревари сезонава, додека Симонс просечно бележи 16,1 кош, 7,9 скокови и 7,6 асистенции. Ебиид требаше да настапи во почетната петорка на тимот на Кевин Дјурент, а Симонс беше одреден како резерва за тимот на Леброн Џејмс.

Ол-стар натпреварот ќе има хуманитарен карактер, па тимот на Џејмс ќе игра за фондацијата Тургод Маршал Колеџ, а на Дјурант з афондацијата Јунајтед Негро Колеџ кои го помагаат образованието на децата на афроамериканците/

Вкупно е планирано да се соберат 1,75 милиони американски долари. Иницијално секоја фондација ќе добие по 500.000 долари,а потоа ќе биде по 150.000 долари донирани за онаа фондација чијашто екипа ќе победи во секоја од првите три четвртини.