Симонс поскоро ќе ја прескокне сезоната, отколку да игра за Сиксерс

Очигледна е огорчноста којашто Бен Симонс ја чувствува кон Филаделфија 76ерс, неговиот досега единствен клуб во кошаркарската НБА лига.

Првиот избор на драфтот во 2016 година во текот на ова лето изјави дека сака да си замиен од клубот, а потоа заедно со својот агент ги известија челните луѓе на Сиксерс. Потоа Симонс најави дека сигурно нема да се појави на клупските подгоови и дека веќе не сака да игра за клубот од Филаделфија.

Приказната продолжува и натаму, па спортската мрежа ESPN наведува дека дошле до информацијат според којашто „Симонс попрво целата оваа сезона ќе ја паузира отколку да заигра во Филчаделфија“, доколу не се најде нова екипа за него.

А од самиот почетокот на сагата околу Симонс не се појав друга НБА екипа која сериозно би се заинтересирала за него и би била подгоена на размена со Филаделфија. Според американски извори, во таа смисла најдалеку отишле Сан Антонио Спарс.

Договорот на Бен Сименс изнесува 147 милиони долари и трае уште четири години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.