Податоци од пописот – Македонци има 54,25 отсто, Албанци 29,52

Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.

Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Според бројот на жители најмала е општината Зрновци, а најголема Куманово со 90.104 жители. Просечната возраст на населението е 40,08 години. Забелешани се 207 празни населени места.

По цели две децении од последниот попис во 2002 година, денеска беа презентирани податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.Податоците беа објавени во салата на македонската Филхармонија, пред претставници на државни институции, на Евростат, на дипломатскиот кор, на заводите за статистика од земјите од регионот, Грција, Словенија, Хрватска, Чешка и други.

Пописот беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година и надлежните го оценија као успешен. Како што информираше тогаш директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, се попишале вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најголемиот дел од нив од западноевропските држави, а многу помалку во прекуокеанските земји. Бројот на оние кои одбиле да се попишат, според надлежните, е минимален.

Според бројот на жители најмала е општината Зрновци, а најголема Куманово со 90.104 жители.

Претходниот попис во Северна Македонија беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица. Намалениот број на населението, според експертите е резултат на два фактора – големата смртност и иселувањето

Податоците од последниот попис ќе бидат корисни за натамошното креирање на економските, образовни, локални, развојни, инвестициски, земјоделски и други политики.