Симовски призна: Има веќе четворица заразени инструктори за попишување

202

По обвинувањата од страна екс пратеникот Илија Димовски дека има веќе заразено попишувачи, Апостол Симовски директорот на ДЗС вечерва во Канал 5 телевизија призна дека четворица се заразени.

Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, вели Симовски.

Имено на почетокот во емисијата на прашањето дали има правна основа за кривично казнување, Симовски истакна дека не знае дали имало правна основа тоа ќе го толкуваат правниците, тој не бил правник, ниту сакал да толкува закони во тој дел, но истакна дека повикувањето на бојкот е непатриотски чин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.