Симулацијата на Груби покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имала девет пратеници повеќе од СДСМ

Партиите СДСМ, ДУИ, Беса, ДОМ/ЛДП и ДПТМ, кои се дел од актуелното мнозинство во парламентот, би имале заедно 60 пратенички мандати, исто колку и ВМРО-ДПМНЕ, АА/Алтернатива и Левица, според симулацијата којашто според освоените гласови на штотуку завршени локални избори ги преведува во пратенички мандати вицепремиерот Артан Груби.

Доколку наместо на локални, се гласаше на парламентарни избори, партиите од власта би освоиле 60 пратенички мандати, исто колку и опозициските партии, покажува симулација за распределба на мандатите во шестте изборни единици што ја објави генералниот секретар на ДУИ и првиот вицепремиер, Артан Груби.

Најмногу пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ – 45, СДСМ би имал 36, додека ДУИ би освоила 18 мандати.

Натаму, коалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива би имале осум, Левица седум, Беса три, ДОМ/ЛДП 2 и Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) еден. Без пратеник доколку оди самостојно, би останала ДПА на Мендух Тачи.

Збирот на пратенички мандати за партиите кои сега се го сочинуваат владејачкото мнозинство (СДСМ, ДУИ, Беса, ДОМ/ЛДП и ДПТМ) би бил 60, исто колку и на опозициските (ВМРО-ДПМНЕ, АА/Алтернатива и Левица).