Син го прободе татко си со нож пред скопскиот Клинички центар

Во неделата вечерта во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во семејна расправија синот со нож го прободел својот 55-годишен татко

Синот избегал, а таткото крварејќи се обидел да побара помош, но не успеал да стигне до болницата и искрварел.

Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи да излезе со поединости. Според неофицијални информации, осомничениот напаѓач е приведен.