Син го уби таткаси на чет на Zoom

61

Седумдесет и двегодишен Американец со нож беше усмртен од својот син во сојузната држава Њујорк во текот на видео-конференциска врска на платформата Zoom во кој учествувале 20 лица, објави полицијата

Убиениот Двајт Пауерс бил нападнат до неговиот 32-годишен син Томас Скули-Пауерс, кој потоа излетал преку прозорецот и се сокрил во селото Емитивил на Лонг Ајсленд. Бил упсен и одведен во болница, бидејќи имал полесни повреди при скокот преку прозорецот.

Подоцна е уапсен, а мотивот засега не е познат, соопшти во петокот полицијата. Од таму додаваат дека за инцидентот дознале во четвртокот попладнето, кога неколку учесници на четот виделе дека таткото паднал.

На полицајците им било потребно извесно време да ја лоцираат куќата, бидејќи никој не знаел каде Пауерс живеел.

Непознато е што било тема на разговорот на платформата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.