Син на пратеничка на СДСМ победник на конкурсот што го распиша Шилегов?!

Фотографија на извесен Петар Прентовиќ е победник на конкурсот на Град Скопје за избор материјали како граѓаните го минуваат времето во изолација сами, беше објавено на официјалниот акаунт на скопската престолнина, но тоа веднаш наиде на жестоки критики од корисниците на социјалните мрежи.

„Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или миленици“, се истакнува во објавата на Twitter на Град Скопје.

Меѓутоа, корисникот под акаунтот Божепази веднаш реагираше изразувајќи сомневање во исправноста и чесноста при изборот на спомената фотографија, посочувајќи дека станува збор за синот на пратеничката Татјана Прентовиќ, сопартијка на градоначалникот Петре Шолегов од СДСМ.

„До 100 евра ли ви дојде.. “, пишува корисникот