Јовица Трпевски, син на пратеникот од СДСМ, Благојче Трпевски, е еден од загинатите во автобуската несреќа којашто во средата попладнето се случи на автопатот Скопје -Тетово, кај месноста Карпалак, пренесе Нова.
Како што претходно офицјално соопшти министерот за здравство Венко Филипче, во трагичното излетување на автобусот на гостиварската компанија „Дурмо турс“ кај селот Лескарци 13 лица ги загубија животите, а осуммина се во критична состојба.
Телата на седум починати се пренесени на Институтот за судска медицина, каде во тек е идентификација на жртвите а ќе биде извршена обдукција.
Автобусот на „Дурмо Турс“ кој се движел од Скопје кон Гостивар околу 17 часот излетал од автопатот кај Карпалак по што на самото место починале седум лица, а шест луѓе им подлегнале на повредите во болниците.