Синдикалната минимална кошница за ноември е 62.021 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62.021,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61.249,00 денари е зголемена за 772,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77.396,00 денари.

            Структура на новата СMK за месец ноември 2024 година

 Месечно по домаќинствоСтруктура во проценти
01 Храна и пијалаци22.67836,6
02 Облека и обувки5.6599,1
03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење6.0209,7
04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот1.9013,1
05 Здравје1.1351,8
06 Транспорт4.7277,6
07 Комуникации3.4175,5
08 Рекреација и култура4.4587,2
09 Образование7.03611,3
10 Ресторани и хотели3.8916,3
11 Останати стоки и услуги1.1001,8
Вкупно СМК62.021100,0
03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење21.395
CMK77.396

Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања.

Трговците покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари.

Трговците ја искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163,00) е зголемена за 4.858,00 денари односно за 8,5%. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678,00 денари споредена со јануари 2024 година (21.007,00 денари) зголемена е за 1.671,00 денари односно за 7,9%.

ССМ веќе разговара со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува.