Синдикалниот лидер на ЕЛЕМ прераспределен на работно место на 120 километри од дома

Раководството на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) врши постојан и континуиран притисок преку своите раковдни лица врз членовите на Самостојниот синдикат на работниците во енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ кој е грански синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, обвинува претседателот на оваа синдикална подружница, Димче Грков.

Поради синдикалното делување Грков од страна на раководството на АД „ЕСМ“ е распореден на работно место кое е над 100 км оддалечно од неговото место на живеење.

Грков е Претседател на синдикалната подружница Енергетика – Скопје. Тој во текот на интервјуто за порталот Работник зборува за, како што вели, незаконското распоредување, но и на други теми поврзани со работничките права.

-Причината е јасна, а тоа е спречување на моите синдикални активности. Дневно треба да поминам 250 километри од моето место на живеење до работното место каде што сум распределен. Со ова раководството на АД „ЕСМ“ го прекршува член 200 од Законот за работни односи, каде што јасно стои дека синдикалниот претставник е заштитен од отказ по овој закон, вели Грков.

Целото интервју во продолжение…