Синдикат на полицијата: Доста е со понижувањето за МВР, бараме оставка на Спасовски веднаш

Синдикатот на полиција во Македонија реагира дека Министерството во изминативе неколку години станало предмет на подбив кај граѓаните, поради што бараат оставка од министерот, Оливер Спасовски.

Не можам а да не реагирам за тоа како едно најдобро Министерство за внатрешни работи во изминативе години стана предмет на подбив кај граѓаните на Република Македонија.

Секако лично ВЕРУВАМ И УБЕДЕН сум дека најзаслужен без никаков сомнеж е министерот Оливер Спасовски, кој во изминативе години успеа да го допре дното а сигурен сум и подоле од тоа во сите области кои „вода може да му носат“ неговите претходници. 

Но, благодарение на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ, колку толку успеавме барем малку да го балансираме нанесениот срам, понужување, распоредување, вознемирување итн, итн….. 

ДОСТА Е СО ВАКВОТО ПОНИЖУВАЊЕ, Министре Спасовски, како претседател на СПМ, во мое име и во име на нашето членство БАРАМ ТВОЈА ОДГОВОРНОСТ И ОСТАВКА ВЕДНАШ – реагира претседателот на СПМ Орце Коцевски.