Синдикатот на Клинички центар бара самостојно да преговара со премиерот Заев

Самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар информира дека тие се иницијатори на средбата со премиерот Зоран Заев и дека остануваат на ставот на договорената средба самостојно да преговараат.

– Сметаме дека на така организирана средба, поради евентуални различни ставови и барања, постои потенцијална можност за непотребни конфликти на претставниците на  двата синдикати, се вели во реакцијата на Синдикатот на Клинички центар, по изјавата на премиерот Заев дека на договорената средба ќе разговара со синдикатите.

Во таа насока, синдикатот на Клинички центар информира дека во два наврати, на 17 и 19 овој месец, побарале од министерот за здравство да го информира премиерот Заев за овој став на синдикатот на Клинички центар и да го извести синдикатот за одговорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.