Синдикатот на полицијата најавува кривични – хаос во Одделот за управување со човечки ресурси во БЈБ, се бара одговорност

65

Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ до сите организациски единици во БЈБ испрати писмо во кое се вели дека во врска со изготвените решенија за бонус плата за 2017 година за работници за кои истите не требало да бидат изготвени поради поведени судски постапки по поведена тужба или започната постапка за медијација а врз основа на кои решенија веќе е исплатена бонус платата се бара вработените да го вратат дадениот износ и да го уплатат на сметката на Министерството, соопштуваат од Синдикатот на полицијата.

Од СПМ велат дека повторно се бара раководителите до овој оддел да достават список со број на работници кои треба да ги вратат исплатените пари.

-Освен што сте експерти за водење на незаконски постапки при процедура за распоредување, дали за се друго владее хаос во Одделот? Зошто досега Одделот не водел вакви евиденции за покренати судски спорови? Ова покажува и докажува дека никогаш до сега Министерството не водело евиденција по овој основ односно никој во Министерството не водел сметка и евиденција додека МВР односно наведениот Оддел свесно и со умисла го водел Министерството во колапс со губење на тужбите за бонус плата често терајќи ја постапката до крај пред Апелационите судови а со тоа свесно и со, намера се одело на правење на се поголема штета на буџетот на МВР, велат од Синдикатот.

Во наредниот период Синдикат на Полиција во Македонија до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе соодветни кривични пријави за ваквите злоупотреби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.