Синдикатот на УКИМ и Владата се договорија дека ќе се договорат

Владата откако ги слушна барањата на Синдикатот на УКИМ ќе прави дополнителни пресметки за евентуално зголемување на платите.

По завршената средба Ангел Ристов претседател на Синдикатот на УКИМ објасни дека ќе има уште една средба и тогаш ќе знаат дали ќе биде позитивно одговорено дали ќе има зголемување на платите по 25 проценти на годишно ниво, за да се достигне 100 процентно зголемување на платите.

Септемвриското зголемување на платите од седум проценти е минимално и не ја тангира најзагрозената категорија ненаставниот кадар, вели Ристов. Според синдикалецот во делот на нивните барања за потпишување на колективен договор, зголемување на платата бараат и поголемо вложувење во науката и истражувањето.

Професорите од УКИМ земаат плата од 650 евра, додека нивните колеги од Србија земаат две илјади евра.