Синдикатот ССЕРИ го демантира МЕСО, се жали на притисоци

 Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија испраќа демант во однос на вчерашната прес конференција на синдикатот МЕСО  каде беа искажани низа невистини и шпекулации.

„Имено во текот на вчерашниот ден притисокот врз нашиот синдкат почна да се зголемува. Најголемата небулоза што се случува кај нас, како феномен на нашиот правен систем, а доказ е тоа низ што се поминуваме, по кривична пријава од наша страна за раководителот на ФОД Новаци до ОЈО во Битола во текот на вчерашниот ден истата е преиначена против претседателката на синдикалната организација во ФОД Новаци Соња Андријаниќ. Најсимптоматично во овој случај е што истражителите наместо да ја повикаат претседателката на подружницата, тие го посетија раководството со кое секако коваа планови како можат да ни наштетат и да не заплашат, а зошто е тоа така ја повикуваме јавноста да процени“, се наведува во соопштението.

Во продолжение од ССЕРИ ја изнесуваат својата страна во врска со пресконференцијата на синдикатот МЕСО,

„Во текот на вчерашниот ден имаше и прес конференција на синдикатот на МЕСО, кој изнесоа низа невистини, каде кажаа дека имаат тужби за одредени побарувања од нас, па еве ги прашуваме за кои тужби нѐ обвинуваат, или се сите отфрлени, од причина што тие побарувања од МЕСО кон нас се наши, кон трети лица за кој имаме договор и гарантираме како синдикат, а раководството ги стопира паричните текови кон нашиот синдикат и не можат да бидат префрлени на друго правно лице, кое нема допирна точка со нас, но исто така ги прашуваме како после тоа ги сервисираа долговите, ги плаќаше работодавецот директно или им префрлаше пари на нив, за што еве и јавно си признаваат дека направиле злоупотреба за што ги повикуваме надлежните институции да постапат и да ги истражат сите овие дејствија.

На крај сакаме да ги прашаме уште еднаш колегите од МЕСО дали знаат, а знаат, дека во канцеларијата каде што го правеа пресот целиот инвертар и имот ни припаѓа нам, е во наша сопственост, дека е насилнички узурпиран и дека и тоа е злоупотреба за кој секако еден ден ќе си одговараат согласно законите во државата.

Затоа повторно ќе побараме по допрен глас институциите наместо да молчат и да дозволуваат кршење на основните човекови права и насилие, кое раководството на АД ЕСМ го демонстрира врз нас, да почнат истрага за овие злоупотреби кои се мерат во милионски суми за кои ние стоиме на располагање“, се додава во соопшението.