Синџирот ресторани на Џејми Оливер под принудна управа

Синџирот ресторани на славниот британски кулинарски мајстор Џејми Оливер во вторникот ќе бидат ставени под принудна управа, дознава во вторникот Reuters од извори упатени во состојбата во 25 деловни единици на Обединетото Кралство.

Според истиот извор, поради влегувањето на принудната управа, како начин на заштита од кредиторите, во прашање е доведен опстанокот на повеќе од 1.000 работни мест.

Олвер, кој се стекна со планетарна слава со своето кулинарско телевизиско шоу „Голиот готвач“, во 2008 година отвори синџир италијански ресторани под свото име „Jamie’s Italian“, но се најде пред стечај.

Во неговата деловна групациа, исто така, се наоѓаат и ‘стехаусот’ „Barbecoa“ и ресторанчето „Jamie Oliver’s Diner“.