Шинед О’Конор стана муслиманка

Познатата пејачка Шинед О’Конор сега има ново име – Шухада Давит, и нова религија – стана муслиманка.

Веста за нејзиното преобраќање во исламот беше споделена со нејзините обожаватели преку „Твитер“, каде што исто така го напиша своето ново име.

Таа истакна дека се гордее што станала муслиманка.

„Ова е природен заклучок на секое интелигентно теолошко патување. Проучувањето на сите свети списи води кон исламот, а сите други се излишни“, напиша таа на „Твитер“.

Пејачката исто така вели дека својот прв хиџаб го добила од своја пријателка поради што е многу среќна.