Синер пред средбата со Ѓоковиќ: Поминав низ многу четвртфиналиња

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се осврна на претстојниот дуел со Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон.

– Се разбира, оваа година покажав дека имам постојаност. Поминав многу четвртфиналиња, многу кола од осминафиналните фази. Мислам дека физички се подобрив. Ако победувате на Грен слем турнири и продолжите во втората недела, значи сте и физички подготвени, изјави Синер.

Дваесетгодишниот Италијанец Синер кој го победи Шпанецот Карлос Алкарас во четвртото коло на Вимблдон (6:1, 6:4, 6:7 (8:10), 6:3), во четвртфиналето на турнирот ќе игра со Ѓоковиќ, прв фаворит за трофејот. Синер е 10-ти носител.

Мечот е закажан за денес со почеток во 14:30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.