„Синиот јазик“ стави клуч на Добиточниот пазар во Трубарево

ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сите сточари, трговци и угостители, дека Добиточниот пазар во Трубарево утре  нема да работи.

– Причината за затворање на пазарот е појавата на болеста „Син јазик” кај говедата, овците и козите. Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите нема да работат се додека трае оваа епидемиолошка состојба – соопшти Општина Гази Баба.