Синоќа 30 послаби земјотреси во Загреб

По вчерашниот земјотрес  во текот на ноќта беа регистрирани околу 30 послаби потреси во Загреб.

Состојбата нма 15-годишното девојче што беше повредено при во вчерашниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска е непроменета и се бори за живот.

Сеизмологот Крешимир Кука изјави за Хрватско радио дека секундарните потреси ќе траат со недели и месеци.

Земјотрес со интензитет  од 5,3 степени вчера утрово беше регистран во Загреб, а беше проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри и предизвика материјална штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.