Синоќа најзагадено било во Лисиче

Проблемот со загадениот воздух и понатаму е рак рана за граѓани. Но, поради корона пандемијата некако е подзаборавен и од граѓаните и од надлежните.

Имено, вчера вечер по полноќ повторно е измерен висок степен на канцерогени честички на метар кубен, односно според мерните станици најазагадено било кај Лисиче со 331 ПМ 10 честички, потоа во Кичево со 247, Битола со 245 ПМ 10 честички на метар кубен и општина Куманово со измерени 235 ПМ 10 честички на метар кубен.

Стандардите за квалитет на воздухот и здравјето на ЕУ наведуваат дека дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот не смее да надмине 40 микрограми на годишни ниво, односно 50 микрограми во период од 24 часа. Дозволеното надминување на оваа граница во рамките на 24 часа е 35 микрограми, односно севкупно 85 микрограми.

Но ако се погледне, во Лисиче е измерен дури 6 пати повеќе загаден воздух. Изминатиот период загадувањето на воздухот во Македонија беше едно од најголемите во Европа.

Земјата е неславен рекордер и кога станува збор за изложеноста на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти ПМ честички. Но, за надлежните институции ова не претставува проблем, па токму затоа веќе поминува четвртата година од Владата на СДСМ, но решение за овој проблем не е најден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.