Синоќа сообраќајна драма на улицата „Скупи“, повреден е полицаец

666

Вистинска сообраќајна драма се случувала вечерва на скопската улица „Скупи“, која е затворена за сообраќај поради полициски увид, дознава Курир.

Во близина на Канал 5 се судриле две возила, а веднаш потоа друго возило удрило во полицаец кој ја обезбедувал сообраќајката. Според првичните информации на КУРИР, за среќа, полицискиот службеник се здобил со полесни повреди.

За останатите лица кои учествувале во сообраќајката се уште нема информации дали се повредени.

-При обезбедување на сообраќајна незгода меѓу две возила, во близина на Канал 5 Телевизија, друг возач со возило удрил во полициски службеник што обезбедувал на лице место и истиот се здобил со повреди, изјавил за Курир портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Повеќе информации најавуваме во текот на утрешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.