Синодот на МПЦ-ОА ја поздрави и одлуката со која се нарекува „Архиепископија Охридска и Северна Македонија, со седиште во Скопје“

Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА денеска ги поздрави одлуките на помесните цркви за признавање на нејзината автокефалност и за евхаристиско и канонско општење.

Во синодското соопштение по оддржаната седница се наведува дека се разгледани и односите со Помесните Православни Цркви.

-Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 21 февруари 2023 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот и односите со Помесните Православни Цркви и ги поздравува одлуките на оние кои Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење, се вели во соопштението.

Македонските владици укажувата дека МПЦ-ОА е чувар на незјиниот уставен поредок и име.

-Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што се однесуваат на нејзиното уставно име МПЦ – ОА и нејзиниот автокефален статус и се раководи по светите канони, догми, Светото писмо и Светото предание. Поглаварот и архијереите – членови на Синодот на Светата Македонска Православна Црква категорично ги чуваат, одржуваат и не се откажуваат од нив, потецира Синодот.

Инаку, до синодското соопштение доаѓа отако во изминативе денови Романската православна црква реши да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА врз основа на томосот издаден од Српската православна црква но определи и своја варијанта на името со кое ќе ја именува македонската црква.

– Се одобрува признавањето на автокефалноста доделена на Црквата во Република Северна Македонија под името „Архиепископија Охридска и Северна Македонија, со седиште во Скопје“ од страна на Патријаршијата на Србија со нејзиниот синодален Томос издаден на 5 јуни 2022 година. Неговиот поглавар ќе биде одбележан со наслов „Неговото Блаженство Архиепископ Охридски, Скопски и Северна Македонија Стефан, пишува во одлуката на Синодот на Романската православна црква.

Православната црква на Чешките земји и на Словачка, пак, соопшти дека ги прифаќа  одлуките на СПЦ и на Вселенската патријаршија за МПЦ-ОА и ја прифати автокефалноста и воспостави канонско општење со МПЦ-ОА која ја нарече „Православна Црква во Северна Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.