Синот Александар Вучиќ, Данило е заразен со коронавирусот

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило е заразен со Корона вирусот. Неговиот татко лично ја потврди информацијата на неговиот твитер профил каде напиша:

„Кога сево ова започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективна клиника. Сине, ќе го победиш ти ова! Те сака тато, сите те сакаме“.