Синот на Амди Бајрам пијан собрал две возила на „Партизанска“, па делел боксови

856

Вистински хаос се случувал вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“, пренесува Република.мк.

Како што дознава „Република“ од лицата кои се нашле на местото, возило кое движело со брзина над пропишаната, собрало две други возила по патот и предизвикало верижен судир.

Возачот на „масерати“ возилото бил Г.Б., син на политичарот Амди Бајрам, кој бил во видно алкохолизирана состојба.

Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило и со боскови ги нападнал присутните.

Фото: Република.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.