Синот на Бекам Бруклин и свршеницата Никол потпишале милионски предбрачен договор

Бруклин и Никол ќе се венчаат во Палм Бич, Флорида, каде нејзиното семејство има вила.

Свадбата на Бруклин Бекам и свршеницата Никол Пелц се ближи, а во јавноста протекуваат се повеќе детали.

Како што пренесуваат светските медиуми, венчавката на најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам треба да се одржи на 9 април, а младата двојка наводно веќе потпишала предбрачен договор вреден повеќе од три милиони фунти.

Предбрачните договори се направени на тој начин да се заштити богатството на младиот Бекам кој тежи 380 милиони фунти, но и неговата уште побогата свршеница Пелц. Имено, Никол е ќерка на Нелсон Пелц, чие богатство достигнува и до 1,3 милијарди фунти, пишува „Daily Mail“.

Да потсетиме, Бруклин и Никол ќе се венчаат во Палм Бич, Флорида, каде нејзиното семејство поседува вила, а церемонијата ќе биде на брегот на океанот.