Синот на Боби Браун пронајден мртов

Синот на музичарот Боби Браун (51), Боби Браун помладиот почина на 28-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Имено, посинокот на пејачката Витни Хјустон, која почина во 2012 година, почина во средата попладне под сè уште неразјаснети околности.

Роберт Браун помладиот, како што гласи неговото вистинско име, бил прогласен за мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, откако го прегледала Брзата помош.

Тој почина само пет години по неговата полусестра Боби Кристина, и е второто дете музичар Боби Браун што го загуби.

Да потсетиме, Боби Кристина помина шест месеци во вештачка кома во 2015 година, откако беше пронајдена во несвесна состојба во када, бидејќи се предозирала со наркотици.

Три години пред смртта на Кристина, нејзината мајка Витни Хјустон беше пронајдена мртва во кадата на идентичен начин откако случајно предозирала со опојни супстанции во 2012 година.

– Тие не мислат дека има нешто сомнително во врска со неговата смрт – изјавил извор близок до семејството во врска со смртта на Боби Браун помладиот.

Инаку, Боби Браун помладиот имаше пет браќа и сестри и немаше деца, а за жал, го заврши својот живот многу млад. Полицијата во Лос Анџелес сè уште ја истражува неговата смрт и се обидува да ги разјасни околностите под кои почина младиот човек.